ГОРАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Британците праќаат порака на терористите и на семејствата на убиените
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Британците со лавина реакции на социјалните мрежи сакаат да им покажат на терористите дека не се плашат и дека ќе го победат тероризмот.
Со хаштагот #WeAreNotAfraid изразија поддршка на семејствата на убиените.
„Нема да нè скршите, само уште повеќе ќе нè зближите“, „Молете се за Лондон“, „Во шок сме, но не се плашиме“. Ова се само дел од пораките.
„WeAreNotAfraid" е кампања која е покрената лани, а целта е да се спротивстават на омраза, насилство, дискриминација и тероризам.
На кампњата се приклучија и многу јавни личности.