Добивај вести на Viber
Владата ако сака може да го спаси ОХИС, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.
- Ако владата само за момент запре со своите непродуктивни трошења, ако барем за малку ги одложи планираните средства за себе промоција, веднаш ќе обезбеди простор за да им помогне на преку илјада семејства на вработените во Охис. За исплата на нивните заостанати плати не се потребни големи парични средства, туку само добра волја од страна на Владата, вели Георгиев.
Тој додава дека премиерот Груевски и неговите министри не сакаат да ги удостојат работниците ниту со средба на која ќе ги слушнат нивните проблеми.
- На стотици работници од ОХИС компанијата им должи 14 неисплатени плати, Иако ОХИС е државна компанија и одговорноста за нејзините резултати е кај Владата, таа не само што нема слух за проблемите на работниците, туку и покажува невидена ароганција со тоа што дозволува неспособните менаџери кои самата ги постави на чело на фабриката, да си делат награди – изјави Георгиев.
800 вработени на ОХИС веќе со години се во агонија, откако фирмата сопре со производство, а ниеден од 9 те тендери досега не вроди плод.