Град каде 600.000 згради може да се урнат при земјотрес
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Скоро 600.000 згради може да се урнат во Истанбул при силен земјотрес.
За ова научниците одамна предупредуваат дека се очекува во тој реон, објави весникот Хуриет дејли њуз. Истото го изјави и министерот за животна средина, Мехмет Јозхасеки.
Министерот вели дека научниците прогнозираат во Истанбул голем земјотрес во следните 15 до 30 години и бараа преземање превентивни мерки.
„Преземени се секакви мерки, подготвивме инфраструктура и јасни ни се проблемите“- изјави министерот.
Според него, има околу 600.000 објекти каде постои ризик да се урнат при евентуален силен земјотрес.
Шефот на истанбулската опсерваторија Кандили, Халјук Јозенер изјави минатиот месец дека наскоро се очекува во реонот на Мраморното Море потрес со интензитет од над 7 по Рихтеровата скала.
Турција е земја каде често има земјотреси. Tоа може да се види и од податоците на Европскиот медитерански центар. Денеска во централна Турција имало еден земјотрес, а вчера имало повеќе потреси на турската граница.