19 Април, 2024
0.0284

Град Скопје денеска ќе гласа за Панорамско тркало на Вардар

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Опозициските советници на денешната седница на градскиот Совет,  нема да го поддржат Предлогот за распишување на тендер за соинвеститор за изградба на Панорамско тркало, мостот и придружни објекти на реката Вардар. Велат дека Градот бара концесионер за изградбата на Панорамското тркало, бидејќи буџетот на проектот Скопје 2014 е празен, а тркалото е дел од овој проект. - Покрај немање поддршка за пректот Скопје 2014 снемува и пари за истиот. Така за Панорамското тркало, за кое до сега за проектирање се потрошени половина милион евра, сепак Коце Трајановски не смее да приговори и мора барем да изгледа дека го тера проектот, за да не се конфронтира со Никола Груевски. Затоа сега бараат Советот да донесе одлука концесионер да го гради и стопанисува. Да потсетам панорамското тркало е дел од проектот Скопје 2014 кој Коце воопшто не сака да го спомене во својот отчет. Мојата прогноза дека токму Скопје 2014 ке им се удри од глава, се потврдува од ден на ден се посилно, вели Софија Куновска, координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје. Градот Скопје е задолжен за обезбедување на основниот проект за изградба, документацијата и одобрението за градба, а концесионерот е должен да го изгради Панорамското тркало заедно со придружните објекти и мост. По изградбата инвеститорот има обврска во следните 35 години да стопанисува, управува и да го одржува објектот.  Градот Скопје од буџетот за проектот одвои 500.000 евра, но колку вкупно ќе чини изградбата ќе се знае по завршувањето на тендерската постапка. Конкурсот за идејното решение неколкупати се поништуваше, бидејќи се додаваа нови работи, за на крај да го добие австриската фирма „ Massabni architects GmbH“. Тркалото со висина од околу 60 метри,  ќе се гради на нов пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. И додека Градот го држи во тајност изгледот на тркалото, не беше познато ниту дали истата фирма го има направено и идејното решение за мостот, на интернет страната на австриската архитектонска компанија, се поставени не само слики од идејното решение туку и цело објаснување за проектот. Во објаснувањето на австријците стои дека двете страни на реката Вардар се од различни уметнички епохи и како такви тие ќе се поврзат со мост. Изгледот на тркалото како што стои во објаснувањето е инспириран од историските симболи за Македонија,со историски вагони за незаборавно патување,  во светли бои, ќе има кафе-бар, и компелтно ќе се уреди и просторот во околината.На крајот од објаснувањето австријците, ги покануваат сите туристи што ќе го посетат Скопје, да го пробаат неверојатното возење во исклучително дизајнираното Панорамско тркало.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време