20 Април, 2024
0.0267

10 години Вип на македонскиот пазар

Градењето доверба со корисниците поттик за креирање на нови супериорни кориснички искуства

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор Вип, дел од Телеком Австрија Групацијата која опслужува над милион и двесте илјади корисници е компанија насочена кон креирање најдобри услуги по најдобри цени. Со инвестиција од 35 милиони евра, Вип изгради сопствена мрежа која обезбедува целосна покриеност со 4Г ЛТЕ.

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Випги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, која го исполнува даденото ветување – “Повеќе за вас”. Во знакот на десеттиот роденден, сите новии обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат  промотивно 10ГБ супер брз 4Гинтернет засекогаш.

“Нашето големо Вип друштво е модерно, динамичнои брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овојпат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава“, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Паралелно со вложувањето во градењето на партнерски однос со корисниците, Вип и неговите вработени ја продолжуваат традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, образованието и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација со која Вип го продолжува своето долгорочно партнерство.

10 години повеќе за Вас, Вип!

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!