19 Април, 2024
0.0326

Градежните работи на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ставени на „пауза“

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќемесечниот застој на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид е резултат на грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на првиот автопат и изместување на трасата на вториот.

Ова станува јасно од вчерашниот разговор на премиерот Заев со кинеската амбасадорка Лин Лисје.

Заев најави  средба во најскоро време со кинескиот изведувач и со другите вклучени страни во проектите со цел изнаоѓање брзо решение.

Овие два автопати се градат со кредит од 500 милиони долари од кинеската Ексим банка а ги гради кинеската компанија Синехидро со подизведувачи „Гранит“ и „Бетон“.

Автопатот до Штип требаше да биде пуштен на 1 мај годинава, а Кичево – Охрид би требало да биде завршен до крајот на февруари 2018 година.

Во меѓувреме, СЈО покрена предистражни постапки за начинот на водење на тендерската постапка.

„Тратекторија“ се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери кои во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства во однос на избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што нанеле штета на буџетот  од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за истиот износ и овозможиле на компанијата  изведувач да се стекне со имотна корист. Првоосомничен е екс премиерот.

Од доказите произлегува дека 4 службени лица во изборот на компанија изведувач ја избегнале процедурата за избор на кинеската Влада и на ЕКСИМ банка како заемодавач.

Изборот требало да го направат според домашното законодавство и ќе достават документација до кинеската Влада која пак ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар. Но тие спротивно на процедурата ги доставиле до кинеските компании.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?