Градоначалникот Бутарис се срами што е Грк
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2017
Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис ја шокираше домашната јавност со контроверзната изјава дека се срами што е Грк.
Тој на средба која се одржа меѓу поранешните министри на Пасок - Дијамантопулу, Рагуосис и Флоридис, кажа дека „се срами што е Грк кога патува во странство каде поради тоа го третираат како да е лепрозен”.
- Ајде да создадеме нова Грција. Не може да се направи нешто ново само со сос. Сите ние сме на апчиња. Мора да го заборавиме старото и да изградиме ново. Сѐ уште сме млади”, кажа Бутарис.
Градоначалникот на Солун не сакал дополнително да ја објаснува својата изјава.