Градови кои ја намалија невработеноста и сега им требаат работници
Објавено во: Економија 14 Март, 2017
Од 128, 60 градови во Хрватска ја намалиле невработеноста, покажуваат нови податоци од 2017 година.
Клањец е мал град со 3000 жители каде секое ново работно место ја намалува невработеноста.
Тие од Загреб се одалечени 30 км, а никој не отишол во странство оваа година.
Сега се прави погон од над 3000 квадрати каде ќе има 20 нови работни места.
Втор град кој успешно се справува со невработеноста е Света Недела.
Овој град за 20% ја намалил невработеноста во однос на лани.
Нив им фалат мајстори и работници, затоа што постојано се гради.
„Има иселување, но во мал процент. Малку наши граѓани се иселиле. Кај нас дури успејаа да се вработат и луѓе кои долго време биле без работа“ - вели градоначалникот Драго Пахин.
Орославје е општина каде невработеноста се намалила за 16.1%, а во Сомобор намалувањето е 15.4%.
Дел од општините со ослободување од комуналии им помагаат на бизнисмените да почнат со работа.