26 Април, 2024
0.0287

Градската каса за 10 отсто најверојатно посиромашна од лани

Објавено во: Финансии 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

 За околу 10 отсто градската каса следната година ќе биде покуса. Без додатоци, донации и кредити, првичната проекција на основниот  буџет на Град Скопје за 2013 година ќе биде близу 44 милиони евра. Очекувањата дека следната година приходите ќе бидат помали за разлика од оваа и минатата година е причината поради која е скратен  градскиот буџет.
- Ние пред се го гледаме основниот буџет, без дотациите, донациите и кредите бидејќи дотациите сеуште не се изготвени од страна на Владата. Буџетот очекуваме да биде помал за плус минус 10 отсто, што се должи на еконосмката криза но и на тоа дека се работи за година кога ќе одржат и локалните избор.  Од тие причини ние уште од септември ги детектираме локациите за инвеститорите, парвиме се за нивно привлекување, бидејќи најголемиот финански прилив во градската каса доаѓа од комуналиите. Приоритети на Градот за следната година ќе биде доизградбата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, 3-та Македонска бригада, проширувањето на улицата Христијан Тодоровски Карпош, доизградбата на катните гаражи, проектирањето на круѓните текови неопходни за изградба на подземната сообраќајница на Јужен булевар, улиците Јордан Мијалков односно поранешна Железничка и улицата Свтеи Кирил и Методиј, довршување на Булеварот Борис Трајковски, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Некои од планираните проекти како што е изборот на концесионер за изградба и стопанисување со трамвајскиот систем, ќе почекаат и на сцена ќе стапат после одржувањето на локалните избори, бидејќи законски не се дозволени скулучување на договори непосредно пред избори. Според Трајановски, овој период само ќе се распише тендерот.
Од  секторот за урбанизам најавуваат дека следната година ќе се одвојат околу два милиони денари за Градската куќа, 40 милиони денари за урбанистички планови, 36 милиони денари за проектот за Панорамското тркало, 23 милиони денари за доизградба на двете катни гаражи што ги гради Градот Скопје, околу 115 милиони денари за одржување на улици и друго.
Во 2013 година единствено пртепријатие кое ќе добие субвенции од Градот ќе биде ЈСП Скопје, за другите како што најави трајановски веќе ќе мора да функционираат без субвенции од Градот.
- Ние очекуваме дека субевнциите за нашето претпријатие ќе бидат околу 200 милиони денари, од кои 160 милиони ќе бидат за тековно одржување односно за трошоците што ги имаме по основ на бесплатни возења за некои категории граѓани и за средношоклците, а останатите за инвестиции, однсно за авобуските стојалишта, електронскиот систем за наплата во автобусите и автоматското следење, изјави Мишо Николов, директор на ЈСП "Скопје".
Минатата година основниот буџет тежеше 3,5 милјарди денари. Иако годината не е завршена според секторот за финансии годинава се оставерени 2,4 милјарди денари приходи и 2,1 милјарда расходи.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот