18 Април, 2024
0.0265

Граѓаните ќе учат што се финансиски услуги и какви ризици носат

Објавено во: Финансии 19 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Како се користат финансиските услуги, кои се ризиците, што нуди овој сектор се темите за кои Народната банка и Минстерството за финансии ќе ги едуцираат граѓаните. Најавуваат соработка и со други институции кои имаат надлежности во овој дел.  Беше посочено и дека НБРМ цела  година спроведува активности, но главно за децата. Сега, појаснуваат надлежните, ќе се едуцираат повозрасните ученици, а потоа и возрасните. За таа цел беше потпишан и Меморандумот за сoработка меѓу финансиските институции од земјава. Според вицепремиерот Зоран Ставрески, во интерес на сите е да се има население кое ги разбира финансиските услуги. Вака, додава тој, граѓаните нема да влегуваат во непотребни ризици што води на крајот до постабилен финансиски сектор. „Верувам дека на ваков начин ќе придонесеме и во Македонија да се подигне нивото на финансиска писменост и на тој начин ќе се вклучиме во европските трендови кои почнаа особено по финансиската криза со цел да се зголеми нивото на финансиската писменост и да се намалат ризиците“, рече Ставрески. Ваквата едукацијае резултат на искуствата во другите земји. Ќе се прави со  едноставни брошури за учениците, предавања во средното образование, брошури за граѓаните и соработка со приватниот сектор. Потписниците на Меморандумот, НБРМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувње, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност,  се договорија да се формира Координациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација. Ова тело, покрај останатото, ќе покренува иницијативи и заеднички проекти за финансиска едукација на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!