Граѓаните од полноќ ќе точат поевтини горива
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2017
Граѓаните од вечер на полноќ ќе имаат можност да точат горива по нови пониски цени. Бензините поевтинуваат за два денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 60,5 денари за литар, а 62,5 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 46,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 35 денари.
Малопродажната цена на мазутот М – 1 НС се намалува за 1,067 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 24,139 денари. Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 3,48 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ја донесе одлуката за промена на цената на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на денарот во однос на доларот.