29 Март, 2024
0.0352

Граѓаните трпат, возовите никако да тргнат, надлежните глуви!

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Возовите никако да тргнат . 

Сообраќајот веќе пет дена е закочен, граѓаните трпат а надлежните се прават глуви на барањата на вработените кои штрајкуваат поради заостанатите плати.

Вработените во Македонски железници Транспорт пет дена штрајкуваат и се жалат на лошите услови за работа и лошото менаџирање на раководството .

Организаторите на штрајкот потенцираат дека се додека не им се исплатат целосно сите заостанати плати нема да го одглават сообраќајот на товарните и патнички возови.

За синдикатите и организаторите е неприфатлив предлогот на  „Македонски железници - Транспорт“ кои им соопштиле дека до крајот на овој месец ќе најдат начин како да го исплатат  првиот дел од јануарската плата, а вториот дел од 10 март.

Министерството за транспорт и врски пак потенцира дека за 2017 година од буџетот на Република Македонија се издвоени 380 милиони денари за Јавното претпријатие „Македонски железници“ и дека ресорното министерство во рамки на своите законски можности ќе стори сѐ за да се реши оваа состојба во претпријатието.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење