19 Април, 2024
0.0380

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО 12 ќе започне со поставување на шатори спроти Собранието

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На 20ти август 2017, со почеток од 09:00 часот, ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12 ќе започне со поставување на шатори, во Парк „Жена - Борец“, спроти Собранието на Р. Македонија.

Ова е 5ти (петти) камп на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12, односно 60 дена граѓански активизам во претходниот систем со претходната Влада и Собрание, и 60 дена граѓански активизам со сегашната Влада и сегашното Собрание.

Во изминатите 120 дена, беа остварени средби во Собранието и работни состаноци со ресорните Министерства, заедно со претставници на Народен правобранител и Хелсиншски комитет за човекови права.

Освен Министерството за труд и социјална политика кое покажа спремност и се заложи да покрене иницијатива во Собранието за измени на Законот за социјална заштита по брза постапка, од останатите ресорни министерства се уште нема конкретни решенија за барањата кои беа доставени.

Затоа, кампувањето со шатори продолжува и овој месец со следните барања:

- Вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на политиките кои се однесуваат на лицата со посебни потреби

- Вклучување на граѓанскиот сектор во наоѓање решенија за подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби

- Вклучување на граѓанскиот сектор во имплементација и супервизија на програмите и проектите кои се однесуваат на лицата со посебни потреби

- Вклучување на лицата со посебни потреби како приоритет во програмата на Владата, и во работата на Собранието

- Вклучување на лицата со посебни потреби како приоритет во Буџетот на Р. Македонија, и буџетите на општините на Р. Македонија

Согласно Уставот и Законите на Р. Македонија, ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12 може да обезбеди легимитет во Собранието и ресорните Министерства, на следниот начин и под следните услови:

- Покренување на локална или национална граѓанска иницијатива во Собранието за измена на законски или подзаконски акти, поднесена од овластен предлагач и потпишана од минимум 100 потписници

- Потпишување на Меморандум за соработка со ресорните Министерства, за вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на политиките кои се однесуваат на лицата со посебни потреби

- Потпишување на Меморандум на соработка со надлежните институции кои се вклучени во процесот на имплементација и супервизија на политиките кои се однесуваат на лицата со посебни потреби

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12 ги повикува сите лица со попреченост, хендикеп или посебни потреби, заедно со нивните родители и семејства, да ја поддржат иницијативата и да учествуваат во процесот за изедначување на сопствените права.

Секој граѓанин може своеволно и доброволно да ја даде поддршката на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12 во покренување на локални и национални иницијативи во Собранието, со потпишување на ИЗЈАВА ЗА ПОДДРШКА.

ИЗЈАВА ЗА ПОДДРШКА е достапна на следниот линк: 

http://5do12.org.mk/wp-content/uploads/2017/04/ИЗЈАВА_ЗА_ПОДДРШКА_МК.pdf

Здруженија на граѓани и неформални групи на граѓани и родители на лица со посебни потреби, со минумим 100 потписници, можат рамнопрaвно да учествуваат и одлучуваат во Собранието на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО12, чии обврски и задачи се дефинирани во МЕМОРАНДУМ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И СОРАБОТКА.

МЕМОРАНДУМ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И СОРАБОТКА е достапен на следниот линк: 

http://5do12.org.mk/wp-content/uploads/2017/04/МЕМОРАНДУМ_ЗА_СОРАБОТКА_МК.pdf

За времетраење на кампот, во временски периоди од 12:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, се предвидени состаноци и консултации во врска со Меморандум за вмрежување и соработка, помеѓу Здруженија на граѓани и неформални групи на граѓански активисти.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните