Grand Tour: Колку заработуваат Кларксон, Меј и Хамонд?
Објавено во: Финансии 18 Јули, 2017
Со нивниот продуцент, Андри Вилман, секој од нив заработил речиси два милиони евра од првата сезона на Гранд тур (Grand Tour).
По заминувањето од Top Gear и бурното разминување со британската куќа БиБиСи, познатата тројка, со нивниот продуцент, основале продуцентска куќа. После тоа потпишале договор со Амазон и почнале нов проект, под името Grand Tour.
Споменатата четворка така за 13 епизода на овој серијал приходувала 9,56 милиони евра, од што по оданочувањето им останале 7,66 милиони што значи два милиони евра по човек.
Амазон и понатаму одбива да коментира колкав е буџетот за снимањето на Grand Tour. Медиумите шпекулираат дека втората сезона ќе чини 160 милиони фунти.