Добивај вести на Viber
Грција се соочува со рекордна невработеност од 27 одсто, ова го покажуваат податоците за зглемување на кризата што овие денови пристигнуваат од целата еврозона.
Уште по шокантно е дека до крајот на годината се очекува, приближно една третина од граѓаните на Грција ќе живеат во сиромаштија.
Тоа е резултат на долгогодишната економска криза, но и на ригидните мерки за штедење што грчката Влада морала да ги спроведе под притисок на Европската унија.
Кризата најмногу ја погодува најмладата популација, покажува анализата каде дури 61,7 одсто од невработените не се повозрасни од 24 години.