Добивај вести на Viber
Грчката опозиција обвинува дека напорите на премиерот да се претстави себеси и неговата влада како спасители уште еднаш се без основа и неуверливи.
Вака најголемата опозициска партија Сириза ја искоментира изјавата на грчкиот премиер по состанокот на Еврогрупата, во која тој рече дека „Грција повторно е на нозе и оти жртвите на народот не биле залудни“.
„Лажната доза оптимизам не може да ја скрие реалноста со која се соочуваат повеќето луѓе поради екстремната политика на меморандумот за штедење која ги намали платите, ја интензивира рецесијата и ги уништи изгледите на земјата за одржлив и фер развој“, обвинуваат од опозицијата, од каде уште велата дека Премиерот лаже со цел да ја прикрие вистината за тоа каде навистина одат парите.
„Грците плаќаат огромни цени за долговите, дефицитот и заемите кои тие не ги создадоа, а во исто време Еврогрупата најави дополнителни мерки против народот“, коментира Комунистичката партија на Грција.