Грчката полиција уапси две лице поради криумчарење на мигранти
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2018
Грчката полиција соопшти дека уапсила две лица кои превезувале 14 Сиријци без документи, меѓу кои и осум деца.
Според информациите од грчката полиција, уапсени се 21-годишен Сириец и 24-годишен Ирачанец.
Лицата се уапсени во близина на грчко-турската граница.
Криумчарите ги презеле Сиријците кога преминале на грчката територија и ги превезувале во мало комбе.