Грчки хакери извршиле сајбер напад врз турски институции
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2018
Грчки хакери соопштија на социјалните мрежи дека извршиле кибер напад на некои турски банки како и на една водечка конултантска компанија во однос на одбраната. Групата тоа го сторила како одговор на „турските провокации“ за судирот на турскиот и грчкиот брод во реонот на островите Имија/Кардак на Егејското Море.
При овие напади хакерите ги блокирале електронските пошти и кодовите за пристап до банките, меѓу кои е и „Зираат Банкаси“.
Инаку двете земји спорат за суверенитетот на островот Имија/Кардак, кој и двете земји го сметаат за свој.