25 Април, 2024
0.2415

Грчките затвори се наполнија со славни личности, за Божиќ слават во ВИП одделот!

Објавено во: Стил 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Голем број познати Грци, кои претходните години го прославувале Божик во луксузни хотели со чаша шампањско, оваа година заедно ќе го празнуваат во атинскиот затвор „Коридалос“, пишува грчкиот весник „Прото тема“ под наслов „Божиќна приказна во ВИП одделот“.

Меѓу затворениците во ВИП одделот се наоѓаат поранешниот министер за одбрана и човек од високите кругови Акис Цохаѕопулос, познатиот лик од фудбалот Макис Псомиадис, еден од најпознатите Грци во модниот свет Лакис Гавалас и сопственикот на банка и компании Лаврендис Лаврендиадис. Обвиненијата против нив се главно за задолжување кон државата и перење на пари.

Познатите личности се изолирани од останатите затвореници и уживаат голем број привилегии, кои полека почнуваат да ги губат. Поради постојано пристигнување на нови богати затвореници еднокреветните ќелии веќе стануваат ќелии со по четири кревети. Од минатата недела поради пребукираност и очекување на нови затвореници, раководството на казнено поправниот дом донело решение да се отстранат сите дополнителни апарати за греење.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти