Добивај вести на Viber
Вкупната сума што претприемачите и самовработените и ја должат на државата, фондовите за социјално осигурување и банките, изнесува 194 милијарди евра, соопшти Националната конфедерација на грчките комори (ЕСЕЕ).
Од вкупната сума , околу 44 проценти или речиси 85 милијарди евра се заостанати долгови. Оваа сума не може да и се препише на економската криза, но очигледно е дека драматичниот пад во прометот, зголемувањето на даноците и ограничениот пристап до банкарските кредити поради тешката финансиска ситуација, го зголемија проблемот.
Според податоците на ЕСЕЕ, вкупниот долг за данок изнесува 41,1 милијарди евра, Фондот за самовработени професионалци има побарувања од 4,3 милијарди евра, а долгот кон Фондот за социјално осигурување изнесува 11,5 милијарди евра. Долговите кон банките се проценуваат на 28 милијарди евра.
Обврските на претприемачите за 2012 година изнесуваат 104 милијарди евра, од кои половина се даноци.