Грчките службеници со плати пониски за 30%, сепак ќе земат бонус пред Божиќ
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2012
Грчкиот Парламент неодамна усвои нов пакет мерки за штедење, според кој буџетските трошоци за плати на државните службеници во текот на следната година треба да се намалат за 5,4 милијарди евра.
Инаку поради кризата речиси секое грчко семејство има помалку за 2.000 евра, проценуваат експертите и велат дека годинава последен пат државните службеници ќе го земат традиционалниот божиќен бонус од речиси 400 евра.