21 Февруари, 2018
0.4702
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Грција цели кон Горна Македонија без превод, каде се нашите позиции?

Објавено во: Анализа 13 Февруари, 2018

Се повеќе извори во Грција преку медиумските куќи го пласираат терминот Горна Македонија без превод на англиски јазик кој е за владата на Ципрас и дипломатијата на Коѕијас најприфатливо решение за грчката страна. Сепак, без оглед која претставка ќе биде финално прифатена и договорена најпрво денеска ќе има средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, грчкиот прв дипломат Коѕијас и медијаторот од ОН Метју Нимиц закажана во Виена. 

Македонија и натаму се обидува највешто и најдипломатски да го води процесот без лиферување на непотребни информации со детали за преговорите кои може да предизвикаат само збунувачки полемики во јавноста. 

Се чини дека доволни беа неколку кратки изјави поврзани со неодрекување од идентитетските кодови во преговорите за кои не во прашање воопшто дали се дел од компромисот, туку дека се преговара само за решение за името кое ќе биде прифатливо од двете страни. 

Грчката дипломатија многу повеќе сака да игра игри и да префрлува информации кон јавноста со кои прави пробни тест балони и одлично ги држи своите позициии. Во македонската јавност повеќе се прави обид да не се даде ниту еден одвишок збор кој лошо би се протолкувал и би значел враќање назад на претпочетни позиции кога сме веќе многу блиску до конечно решение што потоа ќе ни ги оствари сите соништа, најпрво за членство во НАТО и почнување на преговорите за влез во ЕУ. 

Од Грција и натаму има знаци дека не се откажуваат од начинот на кој ќе се условува нацијата или националноста на Македонија со тоа што дел од нивните политичари тврдат дека проблематична била „македонската нација“.

Можни се барања за нови отстапки кои би задреле во македонскиот идентитет, па и одреден историски ревизионизам како што имаме во еден дел од договорот за добрососедство со Бугарија но, барем таму односните се многу повеќе отворени и има простор за големо подобрување што исто така повторно зависи и од двете страни и нивната вистинка искреност искажана во поновите пораки за поддршка и сојузништво.

Денешната средба на Димитров, Коѕијас и Нимиц во Виена ќе биде клучна за конечното решение на спорот за името при што на маса е сложено име со географска одредница, но со запазување на сите аспекти на меѓусебните односи.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?