Грциja ќе го отплаќа долгот и ќе добие големи олеснувања
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
Грција и меѓународните кредитори имаат политичка волја за ревизија на големиот надворешен долг и начинот на кој тој досега се исплаќа, посочи францускиот премиер Бернард Казнев откако се сретна со грчкиот колега Ципрас.
Според сегашните разговори се очекува конечен договор за продолжување на исплатата на долговите на Грција да биде постигнат до 20 март, смета премиерот Алексис Ципрас.
Тогаш треба да се сретнат и европските министри за финансии од еврозоната со цел да се донесат мерки со кои на Грција ќе и бидат дадени бројни олеснувања во периодот додека го отплаќа својот долг со цел да го одржи својот економски раст, а притоа ефикасно да ги примени буџетските реформи.