ГРЦИТЕ ДО БУТАРИС: Предавнику, оди во Скопје да бидеш градоначалник
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018
Oколку 70 лица се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун кои го носат името „Македонија“.
„Да одиш во Скопје да бидеш градоначалник“; „Предавник“, извикувале граѓаните, пренесуваат локалните медиуми.
Бутарис за своите изјави рече дека се извадени од контекст.
„Утрово ми се јавувија од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“- се правдаше Бутарис.
Ова не е прв пат со своите изјави Бутарис да ја вознемири грчката јавност.
Инаку, Бутарис има потекло од Македонија, поточно од Крушево.