Грците го обожуваат Путин, европјаните се чудат
Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2017
Грците најмногу имаат доверба во Путин кого го преферираат од светските лидери, а подетални информации за нивното расположение направи агенцијата ПАМАК.
Податоците од истражувањето покажуваат дека поголемиот број од Грците се русофили, односно 57,5 отсто имаат позитивно мислење за Русија, а дури 67 проценти од испитаниците оценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин добро ја извршува својата функција.
Учесниците, не дале позитивно мислење за Путин само поради тоа што го симпатизираат, туку и бидејќи имаат доверба во него.
За германската канцеларка Ангела Меркел, 56 отсто од испитаниците имаат негативно мислење, додека за американскиот претседател Доналд Трамп, дури 73 проценти од нив.
Негативното мислење кон Меркел и не е изненадување ако се земат во предвид тешките мерки за штедење и опоравување на грчката економија што погодија многу граѓани, а беа неопходни за договорот за враќање и простување на дел од кредитите кон европските банки.
На прашањето „на кого би му верувале најмногу како лидер во светските процеси“, Путин добил 41,5 отсто од гласовите, Меркел 27,5 проценти, а Трамп само пет проценти.
Во однос на тоа кој најмногу ги штити интересите на Грција, испитанците сметаат дека Путин посветува најголемо внимание на земјата (43,5 отсто од испитаниците го делат тоа мислење), додека Меркел (со 29,5 отсто од гласовите) и Трамп (20 проценти) многу помалку.
Голем број Грци оценуваат дека Путин е силен лидер, што е изненадувачко за земја членка на ЕУ, но не и ако се земе во балканскиот контекст.
Веројатно, за тоа многу имаат придонесено и грчките медиуми, кои постојано го експонираат рускиот претседател