Грците масовно повлекуваат пари од банките
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2017
Од почетокот на годината до средината на февруари грчките граѓани повлекле 2,7 милијарди евра од нивните банкарски сметки.
Причина за тоа се новите дискусии во земјата и странство за можно излегување на Грција од еврозоната, со оглед на недостатокот на одлука за финансирање на Атина.
Банкарските вложувања на Грците се намалиле од 131.8 милијарди евра на крајот од февруари до 129.09 милијарди евра во средината на февруари.
Грција не може повеќе да ги намалува пензиите, изјави грчкиот министер за труд Ефи Ахциоглу во пресрет на состанокот на министрите за финансии од еврозоната.
Грција и кредиторите од ЕУ и ММФ водат преговори за склучување на трет по ред договор. Атина стравува дека нема да дојде до очекуваните олеснувања на грчкиот долг.
Паѓајќи во финансиска криза Грција ги намали драстично неколку пати пензиите од 2010 година .
2.7 милиони лица од 11-те милиони Грци се пензионери.