Грците немаат каде-Италијанци им влегоа во железниците
Објавено во: Балкан 14 Септември, 2017
Грција се согласила во рамки на приватизацијата да ја продаде својата железничка компанија на италијанската државна железница за 45 милиони долари.
Грчкиот фонд за развој на средства соопшти дека со продажбата на компанијата TrainOSE на италијанскиот Ferovie delo stato Italiane е завршен четиригодишниот процес.
Атина вети спроведување на амбициозна програма за приватизација во пакет реформи за меѓународна програма за помош, во рамки на кој примила милијарди евра вонредни заеми за спас на економијата.
Многу приватизации наидоа на отпор на синдикатот, а денес возовите не сообраќале поради 24-часовен штрајк на железничките работници кои протестираат поради продажба на компанијата.