24 Април, 2024
0.3857

Грците се пребројуваат пред средбата на Ципрас и Заев

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчките опозициски партии видоа одлична можност да се промовираат себеси и да ја нападнат владата на премиерот Алексис Ципрас со тврди националистички настапи. Пред утрешната средба меѓу грчкиот премиер Ципрас и македонскиот премиер Заев која треба да се одржи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, во Грција се лицитира со бројки за масовноста на протестите во Солун каде беше испратена порака да не се прифати компромис и да не му се дозволи на соседот да го користи терминот „Македонија“ во своето име.

Најрадикално толкување на демонстрациите во Солун даде Адонис Георгиадес, потпретседателот на опозициската партија Нова Демократија. Според него на улиците во Солун имало неверојатни 500 илјади луѓе што е речиси половина од масовните протести во 90-тите години кога Македонија ја прогласи својата независност што предизвика грчка блокада и наметнување на тешко ембарго, а потоа и болни политички одлуки.Георгиадес тврди дека сега Ципрас е во неволја.

Грчките опозиционери, особено од десницата прават се посилни обиди да извршат притисок врз премиерот Ципрас посочувајќи им да го „почитувал гласот на народот“, односно да ја прими пораката да не се прифаќа терминот „Македонија“ што е најдеструктивната грчка политика во последните години, речиси на исто ниво како ветото на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога Република Македонија беше целосно блокирана.

Владата на Ципрас и натаму истакнува дека нема да биде премислена да го напушти курсот на преговори и укажаната шанса за изнаоѓање на компромисно решение кое ќе стави крај на деценискиот спор и ќе и овозможи на грчката дипломатија да прикаже конструктивност во меѓународните односи. 

Според официјалните пресметки на протестот во Солун според грчките власти имало 50 илјади присустни, додека пак полицијата во Солун извести за бројка од 90 илјади демонстранти. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП