ГРЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕTО НА АЕРОДРОМОТ: Oва значи отворање на ново поглавје
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2018
Грчкото МНР со писмено соопштение ја поздрави одлуката на македонската Влада за преименување на автопатот и аеродромот. Тие велат дека се надеваат дека ова значи отворање на ново поглавје во односите меѓу двете земји.
Во соопштението се наведува дека одлуката е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Овој чекор на македонската Влада се оценува како важен развој во насока на справување со иредентизмот.
Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека аеродромот во Скопје ќе се преименува во „Меѓунареоден аеродром Скопје“.
Заев уште по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во Давос најави дека ќе се променат имињата на аеродромот „Александар Велики“ и на автопатот „Александар Македонски“. Тој најави дека автопатот ќе се вика „Пријателство“.
Со ова земјата сака да покаже дека нема иредентизам и да ги одблокира процесите за НАТО и ЕУ, со решавање на спорот за името.