ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ПОЧНА ПОРАНО: Скопјани се разбудија со парно и ниски температури
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2017
Надвор е вистинска есен а жителите на главниот град се разбудија на топло.
Од утрово радијаторите шират топлина бидејќи ЕЛЕМ и БЕГ решија да ја почнат грејната сезона една недела порано.
Поради падот на температурата РКЕ дозволи старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15. октомври .
Од денес со топлинска енергија ЕЛЕМ ќе снабдева 3.546 домаќинства, 17 воспитно-образовни институции односно основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
Од БЕГ во моментов во околу 200 објекти потрошувачите и заедниците на станари сè уште не ги исполноле своите обврски, односно не се обезбедени бараните услови за навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија.