20 Април, 2024
0.0274

Грешката која 90% од луѓето си ја дозволуваат во CV-то

Објавено во: Стил 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе кои бараат работа, си ја дозволуваат истата грешка во својата биографија - се обидуваат да личат на сите останати. Ја пишуваат ја така што да звучи досадно, традиционално и многу заедничко. 

Во „Форбс“ го нарекуваат тоа „јазикот на корпоративното зомби“.

Според изданието овој јазик може и да бил стандард во професионалната сфера во последните 50 години, но тоа веќе не е така.

Не заборавајте - човек, а не компјутер ќе ја чита вашата автобиографија и ќе одлучи дали да ве покани на интервју. Затоа пишувајте на човечки начин. Погрижете се да стане јасно од што се разбирате, што правите добро и на каков начин ќе сте корисни за иден работодавач. Избегнувајте ги клишетата како „тимски играч“ и „комуникативен службеник“. Тие ви прават незабележливи.

Наместо тоа обидете се да покажете карактер. Кажете приказна, спомнете некои од резултатите кои сте ги постигнале, напишете кон што целите во вашиот професионален развој.

Да биде досадна не е задолжително за вашата биографија. Се разбира, основните барања како писмено пишување треба да се почитуваат. Но можете да се обидете да ја персонофицирате малку, да ја направите незаборавнаи.

Да, можно е некои старомодни менаџери да не го забележат тоа. Но, повеќето луѓе во денешно време се далеку пофлексибилни и ќе го ценат тоа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган