20 Април, 2024
0.0280

Grouper.mk продолжува да ги руши рекордите –Најдобрата празнична понуда од B-Watch продаде 2000 купони за само 1 недела!

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Оваа година лидерот во е-трговија, Grouper.mk ги сруши сите рекорди во оналјн продажба во земјава со својата Black Friday & Cyber Monday акција преку која продадоа 20.000 купони за 4 дена. Веднаш по завршувањето на оваа акцијаја објавија “Најдобрата празнична понуда” во соработка со B-Watch која понуди 50% попуст на часовници преку која за само 7 дена беа продадени 2000 купони за часовници.


”Нашата Black Friday приказна започна пред 3 години кога прв пат ја спакувавме акцијата и покажавме што значи луд попуст. Втората година (2015г.) со поголемо искуство, адреналин и пасија обезбедивме над 150 зделки од кои беа продадени над 9000 купони за 24 часа, од страна на 3000 брзи групери кои ги искористија лудите попусти. Оваа година ја имавме најголемата Black Friday & Cyber Monday акција со која ги надминавме сите рекорди до сега во оналјн продажбата.

Понудивме над 600 зделки со попусти до 97% за најразлични услуги, патувања и производи преку беа купени дури 20.000 купони од страна на над 5000 корисници. Имавме рекордни 200.000 посети за време на акцијата. Речиси 40% од продадените купони беа купени преку Grouper  мобилната апликација која нуди бројни предности за корисниците.” – раскажува Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Во однос на почетокот на соработката со B-Watch веднаш по Black Friday, oд Grouper посочуваат дека Grouper е моќна алатка за секоја компанија, а кога 2 силни брендови ќе се спојат се случува идеална синергија. Соработката со B-Watch започна на 1ви Декември со објавување на “Најдобрата празнична понуда” која на купувачите им нуди 50% попуст на сите часовници овозможувајќи им квалитетни часовници од светски брендови со големи заштеди.

“Тајмингот за лансирање на оваа заеднична кампања е идеален со оглед на тоа што се празници кога сите бараме совршени податоци за нашите сакани, или пак идеална награда за себе за годината која поминала. Бидејќи часовник е практичен и безвременски подарок за секого и со оглед на тоа што го нудиме најголемиот попуст на часовници кој корисниците може да го добијат било каде, кампањата ја именувавме – Најдобрата празнична понуда” – велат од Grouper и B-Watch.

Акцијата првично беше предвидено да трае до 15ти Декември, но поради огромниот интерес и продажби имаме добра вест за сите кои се уште не успеале да купат часовник! Компаниите ја продолжуваат акцијата, а веќе се очекуваат да пристигнат и нови количини часовници, особено од најпродаваните брендови Casio и Obaku за да ги задоволат сите желби и вкусови.

Купете го Вашиот купон за попуст ТУКА и упатете се во најблиската B-Watch продавница за да го одберете Вашиот часовник со 50% попуст. 


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга