Добивај вести на Viber
Се повеќе грчки граѓани чекаат во колона за бесплатна храна, објави денеска весникот „Прото тема“.
Архиепископијата во Атина соопшти дека за две години бројот на граѓаните кои доаѓаат за храна во бесплатната кујна, организирана од црквата, е двојно поголем. Корисници на услугата се главно Грци.
Кујната на архиепископијата нуди 10.000 порции дневно, кои се приготвуваат со помош на 4.000 доброволци.
Оваа година грчкото Министерство за земјоделство ќе им подели прехранбени производи во вредност од 23,5 милиони евра на 800.000 сиромашни граѓани во целата земја. Сите производи кои ќе бидат поделени се произведени во Грција, а се предвидува во иднина да се дава и облека.
Програма на ЕУ предвидува во текот на следната година во 19 свои земји членки да бидат поделени бесплатни прехранбени производи во вредност од 500 милиони евра.