Грција го стега ременот во очекување одговор за меѓународната помош
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2012
Грчкатата Влада со најава за нови реформи и фискален мониторинг се спрема за состанокот на еврогрупата закажан за утре, во време кога еврозоната останува поделена околу начините на спроведување на програмата за Грција, јавуваат грчките медиуми.
Со новините на Министерството за финансии му се даваат поголеми овластувања да ги надгледува другите министерства, а според законот, ако одредено министерство не ги исполни своите фискални цели два квартали по ред, Министерството за финансии ќе постави инспектор за да го надгледува трошењето во пракса. Министерството за финансии, исто така, ќе има поголема контрола врз финансиите на локалните власти и јавните претпријатија (ДЕКО), па на директорите на ДЕКО ќе им се намалуваат платите или ќе бидат прогласени за технолошки вишок, ако не ги исполнуваат финансиските цели поставени од страна на Владата. Исто така сите општини кои нема да ги средат своите финансии ќе мора да ги зголемат своите приходи од даноци и давачки, наместо да добијат повеќе средства од централната власт. На ден пред стедбата, Владата постигна договор за сел од барањата на кредиторите како што се лиценцирање на стручните колеџи и инсталирање на уреди за следење во камионите кои превезуваат гориво. На утрешниот самит на Еврогрупата, грчките власти се надеваат дека конечно ќе ја добијат следната транша помош и ќе избегнат банкрот.