Добивај вести на Viber
Пензионерите, вршителите на слободни професии и претпријатијата во Грција, ќе бидат мета на „Даночно цунами“ кое се очекува во 2013 година, предупреди грчкиот весник „Нафтемборики“.
Според весникот „бурата“ ќе дојде од даночната реформа, што владата планира да ја спроведе со цел радикално да го промени постоечкиот даночен систем во земјата.
Се очекува реформите да обезбедат на државната каса приходи од даноци во висина од 1,7 милијарди евра. Над три милијарди евра, исто така, се очекуваат во буџетот од зголемените даноци на недвожностите.