25 Април, 2024
0.0303

Грција со најскапи нафтени деривати, во Косово најевтин бензинот, во Македонија дизелот

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Грција има најскапи нафтени деривати,  во Косово се возат најевтини бензини а во Македонија има најевтин дизел. Ова го покажува анализата на Фактор за цените на бензините во регионот. Во земјите од опкружувањето Грција има најскап бензин и дизел. Според податоците Еуросупер 95 во Грција се продава за 1,8 евра литар.  Оваа цена го става јужниот сосед на врвот на листата на земји од регионот со најскап бензин. Следна,  на листата е Словенија. Словенците плаќаат  1,5 евра за литар Еуросупер 95. Нешто пониска е цената во Србија , Црна Гора, Бугарија и Хрватска или 1,4 евра за литар Еуросупер 95.  Меѓу земјите со најниски цени на бензинот се Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија со 1,3 евра за литар.   Сепак најевтин бензин има во Косово каде за 1,2 евра може да се купи литар Еуросупер 95. За разлика од бензините, податоците покажуваат дека , најевтин дизел има во Македонија. Со последното поскапување што Регулаторната комисија за енергетика го направи вчера,  литар дизел во земјава сега се продава за 1,1 евро. Од регионот веднаш зад Македонија според цената на овој дериват е Косово. Таму  дизелот чини 1,2 евра. Следна на листата на земји од регионот со најевтин дизел е Босна и Херцеговина каде литар бензин се продава за 1,3 евра. Приближно толку чини во Бугарија , Албанија и Црна Гора и Хрватска. Од земјите во опкружувањето највисоки се цените на дизелот во Србија и Словенија , каде литар чини 1,4 евра. Дизелот останува најскап е кај нашиот јужен сосед. Според последните промени на цената направени пред една недела, литар дизел во Грција чини 1,6 евра. Споредено со останатите земји, најскапи се нафтените деривати во Норвешка и Турција. Таму бензините надминуваат две евра за литар а дизелот стигнува до 1,9 евра за литар. Секако, најевтини се нафтените деривати во Украина и Русија, каде се продаваат за нешто помалку од едно евро за литар. Цени на нафтени деривати  (во евра )