19 Април, 2024
0.0264

Грција – земјата со највисоките даноци за малите бизниси во ЕУ

Објавено во: Анализа, Балкан 16 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Со последните реформи во даночниот систем Грција се претвори во земја со највисоки даноци за мали и средни бизниси во ЕУ, пишува „Катимерини“, повикувајќи се на статистиката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според наведените податоци даноците за сопствениците на мали и средни претпријатија во земјата веќе се во износ од 29%. Во Германија данокот е повисок - 29,8%, но во исто време грчките бизнисмени должат и надомест во износ од 1 000 евра годишно, без разлика дали се во добивка или во загуба за годината.

Така Грција е најскапата земја во ЕУ во однос на развојот на малите бизниси, предвиде весникот.

Во земјата нема и диференцирани стапки на корпоративниот данок спрема големината на фирмата. Во Франција на пример големите компании плаќаат 31,33% данок, но за мал бизнис стапката е во износ од 15% - една од најниските во ЕУ.

Левата влада на Грција сепак ги отстрани различните стапки и сега и малите, и најголемите бизниси плаќаат подеднакво.

Не само бизнисот сепак страда од последните преговори со доверителите. Од 1 јули се зголемува и стапката на ДДВ - од 23% на 24%, за многу стоки и услуги. Со оваа мерка Атина се надева да собере 450 милиони евра повеќе приходи во државната каса.

Данок на додадена вредност се зголемува за шести пат во последните години кај нашиот јужен сосед.

Од јули ќе биде зголемена и акцизата на природниот гас кој се користи за производство на електрична енергија.

Од 1 јануари 2017 година, пак, ќе бидат зголемени даноците за горивото.

Година подоцна - од 1 јануари 2018 година, пак, ќе има дополнителни трошоци за хотелите - 1 евро за ноќевање во тризвезден хотел, 2 евра - за четири и 3 евра за хотел со пет ѕвездички. Претставниците на туристичкиот бизнис веќе предупредија дека оваа мерка само ќе ги натера сопствениците на грчките хотели да се откажат од ѕвездите.

Од новите даноци ќе бидат погодени 8,5 милиони Грци, забележуваат од своја страна денеска во “Имерисија“. Изданието коментира дека поради пакетот нови мерки кој владата на Алексис Ципрас ќе ги примени, ќе има „цунами“ од поскапување на бројни стоки и услуги.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сака да се применат реформи во социјалниот сектор, кои ќе го попречат одржувањето на штрајкови и да се олеснат масовните отпуштања, забележува весникот „Етнос“ по повод започнатите преговори за промени на пазарот на трудот.

Во моментов работодавачот може да ослободува до 5 отсто од персоналот секој месец. ММФ сака штрајк да се прогласува со поголемо мнозинство од синдикални членови и вработени на конкретната компанија.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!