Добивај вести на Viber
Расте оптимизмот кај грчката Влада и хотелиерите за ова лето по падот од 5,5 отсто на бројот на туристи во туристичката сезона 2012 година.
Грчкиот министер за туризам, Олга Кефалојани, нагласи дека грчкиот туризам кој е сериозен извор на средства на државата успеал да опстои и покрај лошата сезона како резултат на социјалните немири и кризата во земјата.
Таа рече дека се ангажирани да преземат иницијативи Грција да биде приоритетна светска дестинација, а како што вели претседателот на Унијата на хотелиери, Јоргос Цакирис првите цифри за 2013 година се добри.
„Јас сум оптимист дека Владата, политичарите и општеството почнаа да разбираат дека туризмот е средство за ислез од кризата и придонесуваат за раст“, нагласи Цакирис.