Груби оптимист за решение без менување на устав и без ерга-омнес
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018
Пратеникот од ДУИ Артан Груби порача дека може да се најде достоинствено решение за спорот за името без да се менува македонскиот Устав и без решението да биде ерга омне“, односно да не биде за севкупна употреба. Груби смета дека тоа е достоинствено решение
- Со едно такво достоинствено решение македонскиот јазик ќе си остане македонски - истакна пратеникот на ДУИ во синоќешното гостување на телевизија 24.
Груби додаде дека ДУИ смета дека референдум не е потребен, но доколку се одлучи референдум сепак да има, партијата ќе направи се` за тој да биде успешен.