29 Март, 2024
0.0250

Груби совети од Мајк Блумберг кои ќе ве однесат на патот до успехот

Објавено во: Стил 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мајк Блумберг, извршен директор на Блумберг медиумската компанија и поранешен градоначалник на Њујорк, веќе го имал својот дел од успехот.

73 годишниот Блумберг, е 14-от најбогат човек во светот, со нето вредност од $40,7 милијарди (38,2 милијарди евра). Тој е само-создаден милијардер.

Кога во четвртокот на 19.11.2015 год. бил во Лондон, В. Британија на настан организиран од страна на Голдман Сакс чија цел била да им се излезе во пресрет на малите бизниси, неговиот совет бил прилично остар за секој кој сакал да постигне успех.

Појавувајки се на сцената заедно со Ричард Гноди (Richard Gnodde), еден од двајцата главни шефови за инвестиционо банкарство на Голдман Сакс, Блумберг испорачал шест клучни совети за претприемачите - и тие не биле наменети за сензитивните кон критика или навреда.

Задржете перспектива

"Никогаш не сум имал лоша работа. Отсекогаш сум имал само два лоши денови во мојот живот - кога почина мајка ми и кога почина татко ми. Освен тоа, колку лошо всушност може да биде?"

Се додека сте живи и членовите на вашето семејство се живи, приберете се.

Работете напорно

"Ако има само еден клуч до успехот, тогаш тоа е напорна работа. Јас секогаш ја давам најмногу тешката и најкомплицираната задача на најнатрупаната личност во компанијата. Има причина зошто тие немаат време - работата е пазарно место, а тоа ви кажува дека таа личност е добар работник.

"Кога работев во Саломон Брадерс, јас секогаш бев првиот човек во канцеларијата наутро. Вториот беше Барни Саломон, еден од управителите на   компанијата. Значи, ако тој сакаше да ги знае рагби резултатите или ако му беше потребен кибрит за пурата, тогаш тој ќе дојдеше кај мене и ќе разговараше со мене. Се што беше потребно, е да доаѓам порано. Ако ви се допаѓа она што го правите, тоа е забавно - ако не, тоа е мизерно".

Однесете го напорното работење на следното ниво. Доаѓајте порано, одете си подоцна и одете подалеку од вашите конкуренти.

Имајте реални цели

"Ниту еден од вас нема да биде Марк Закерберг. Тоа едноставно нема да се случи." 

Со други зборови, управувајте со вашите очекувања и не сонувајте за првата милијарда.

Сакајте го она што го правите

"Мора да биде мизерно да се будите секој ден наутро и да го мразите она што го правите. Одете и направете нешто друго. Ако го мразите, како може да биде полошо?"

Вие никогаш нема да бидете одлични во нешто доколку не ви се допаѓа тоа нешто што го правите.

Напредувајте во неволја

"Ако се каже, 'Ох, минатата недела излечив рак, две недели пред тоа ја напишав големата американска новела, а минатиот месец донесов мир на Блискиот Исток', "моите очи ќе гледаат во занес".

"Но, ако се каже: 'Види, татко ми никогаш не постоел, мајка ми имаше рак, а јас работам пет смени во Мекдоналдс", тоа е лицето што ќе го вработам."

Како само-создаден човек, Блумберг претпочита поттик, потреба и напорна работа во однос на академските достигнувања кај своите вработени.

Бидете вистински (genuine)


"Постои една карактеристика што сите добри лидери ја поседуваат, а тоа е дека сите тие се вистински. Ќе биде ли ова лице со вас во рововите, ќе оди ли преку врвот со вас или ќе остане назад и ќе рече, 'Ти оди'?"

Говорот на Блумберг можеби е навистина груб и директен, но тоj сепак звучи вистински.