Груевски ги нарече ВМРО за Македонија сателити на СДСМ, тие велат му бега членството
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017
Никола Груевски вели дека не е никакво изненадување доколку партиите кои беа дел од изборната коалиција ВМРО за Македонија влезат во новата влада на СДСМ бидејќи во последните 5-6 години одработувале за нивни интереси, дали со заеднички настап на избори дали како посебни субјекти со цел да им одземат повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.
- Тоа се сателит партии кои служат во избори за одземање на гласови на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека со тек на време десноориентираното гласачко тело веќе го разбра тоа, потенцира Груевски.
Од Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошковски, велат дека тие не се ничив привезок или сателит и дека Груевски е се повеќе исплашен затоа што членството ја напушта неговата партија и се придружува кон вистинските десничарски партии за остварување на демохристијанските-десничарски вредности кој оваа гарнитура на ДПМНЕ не ги поседува.