Груевски им ја честита на Велешани новата фабрика за текстил а за платата молк
Објавено во: Економија 27 Мај, 2017
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалната мрежа Фејсбук соопшти за новата германска компанија која ги отвори вратите од денеска во Велес.
„СТС Текстајлс“ на местото на некогашна „Свилара“ ја отвори „Лутекс Македонија“ а Никола Груевски се фали дека оваа инвестиција ќе донесе 1000 работни места.
На стартот во „Лутекс Македонија“ ќе работат 50 работници кои ќе произведуваат технички и индустриски текстил .
Според најавата на новиот опозициски лидер во идните 5 години во оваа фабрика ќе бидат вработени 1000 лица.
Земји каде што ќе се извезуваат производите се Германија, Франција, Италија и во Полска.
Никола Груевски смета дека овие работни места го прават подобар животот на граѓаните а ние го прашуваме екс премиерот колкава плата ќе им даде овој германски инвеститор на македонските граѓани.
Странските инвестиции кои ги донесе владата на Груевски не оставија најдобар впечаток во однос на примањата кои им ги даваат на работниците и често пати токму поради ова прашање лидерот на ВМРО ДПМНЕ беше мета на критики поради евтината работа сила која им ја продава на странците.