Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија
Објавено во: Економија 23 Септември, 2017
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа на партиската конвенција изјави дека нивна цел и визија за енергетиката во Македонија е да стане во наредната декада електро-енергетски независна.
Вели дека Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија.
„Ние имаме кредибилитет и знаење тоа да го исполниме. Развој на крупни проекти за зголемување на енергетската стабилност и диверзификација на енергетските извори, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на техничките и комерцијалните загуби на електричната енергија и потикнување на програми за штедење на енергија “– рече Груевски.
Тој додаде дека ќе донесат нови закони со кои новоизградените објекти ќе мора да имаат сончеви колектори, и ќе дадате поддршка на остварувањето на оваа цел.