19 Април, 2024
0.0289

Груевски на суд за предметот „ТНТ“: „Космос“ срушен за политичка одмазда

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По неколку одложени судења вчера, денес со турбо работа продолжува работата на судовите.

Закажано е судењето за случајот „ТНТ“ во кој се обвинети поранешни високи функционери. Екс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски, се гонат во случајот за уривањето на објектот „Космос“ .

Тие тројца денес ќе седнат на иста обвинителна клупа.

Кога специјалната обвинителка Катица Јанева го најавуваше случајот таа соопшти дека  во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета. Јанева објансува дека во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба.

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „ТНТ“, презентираше неколку смс пораки кои откриваат како било договарано уривањето на комплексот „Космос“.

Наредба и поддршка за овој настан имало од тогашното највисоко политичко раководство на државава, кажа Фетаи.

-Одредени аболицирани политичари од одмазднички причини нанеле огромна штета со уривање на станбено деловен комплекс „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Истрагата е против поранешен претседател на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Отворена е истрага за четворица осомничени службеници од општина Гази Баба, рече обвинителката Фатиме Фетаи која го презентираше случајот „ТНТ“.

-И покрај тоа што инвеститорот на 05.08 доставил стручно мислење во кое било наведено дека одлуките се незаконски, осомничената, овластен градежен инспектор во Гази Баба го игнорирала тоа и продолжила со уривањето. Истите го поттикнале градоначалникот во најкраток временски рок да го срушат со експлозив. Градоначалникот како службено лице постапил спротивно на Законот за јавни набавки и ја оштетил општината. Поради помилувањето истиот не е опфатен во истрагата. Со фирмата „Трансмет“ склучиле договор за рушење иако не постоела постапка за итна постапка, истиот за да ги задоволи барањата на премиерот и министерот, се договорал со лицето Ф.И., сега починат уривање на објектот. Било договорено работата да ја добие фирма која не и била дејност уривање-„3М изградба“. Веднаш потоа градоначалникот договорил да биде спроведена јавна набавка на незаконски начин. И покрај фактот „3М изградба“ не ги исполнувала условите. Осомничените од Бирото за јавни набавки навеле дека фирмата ги исполнува условите која не била ниту на пропишан образец. Врз основа на склучениот договор од Гази Баба биле исплатени средствата и се продолжиле со уривање и нанеле штета на инвеститорот од околу 14.000 евра. Штетата која ја побарува инвеститорот е 58 милиони евра“, рекоа од СЈО.

Никола Груевски и Миле Јанакиески,според СЈО, сакале да му се одмаздат на Цаноски бидејќи ја напуштил тогашната владина коалиција и преминал во коалиција со СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?