29 Март, 2024
0.0274

Груевски: Не седиме со скрстени раце, ВМРО ДПМНЕ е во фаза на внатрешно реструктуирање

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На 27 от роденден на својата матична партија екс премиерот Никола Груевски објави дека ВМРО ДПМНЕ е пред кадровско освежување, односно се прави внатрешно реструктуирање.

„Ние не седиме со скрстени раце. ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на внатрешно реструктуирање, и пред кадровско освежување. Партијата ги прави последните подготовки за новиот начин на дејствување во новосоздадената ситуација. Во тек се консултации и внатрепартиски дијалог за промени и корекција на се она што е наша слабост и грешки, креирање и на нови политики во различни области каде недостасуваа или беа застарени или запоставени. Во тек е внатрешна обнова и подготовка за нов почеток, ново утро, кон повторно враќање на власт на најмоќната, најголемата и најуспешната политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија““, изјави Груевски.

Како и вообичаено на секој јавен настап Груевски како по навика поголем дел од обраќањето зборуваше и посвети на партијата која му ја зема власта.

Критики, критики и критики од екс премиерот за власта на СДСМ која само што почна да работи а екс премиерот бара Македонија да испорача реформи, брз влез во ЕУ и НАТО, просечна плата која СДСМ ја најави во текот на мандатот.

Груевски во дел од говорот се испофали за она што го направила неговата партија и колку странски инвестиции донела.

Сепак лидерот на ВМРО ДПМНЕ потенцираше дека партијата мора да се реструктуира.

 „ВМРО-ДПМНЕ треба да ги дефинира целите на своето идно делување, да ги подобри односите со дел од меѓународната заедница во насока на заедничките цели и интереси, но и да формира автентична политика кон помалите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците кон кои мора да ги презентираме нашите верувања за заедничко живеење во државата, и да ги разбиеме стереотипите кон негативната кампања против нас во албанските медиуми, која беше свесно диригирана и темпирана во изминатиов период“. рече тој.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата