20 Април, 2024
0.0284

Груевски: СДСМ е инструмент на кризата создадена однадвор, но народот тоа го препозна

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на ТВ Нова, посочи дека овие избори се успешни за нив најмногу благодарение на довербата добиена од народот кој ги препознал сценаријата за дестабилизација наметната однадвор, а реализирани со агендата на опозицијата. 

- На овие избори освоивме речиси ист број на гласови од 2014-та што е знак дека сме имале кристално чиста изборна победа наспроти сите обвинување без докази дека изборите биле нерегуларни. 

Сега кога СДСМ доби министри и заменици, уредник на МРТВ, многу измени на закони за одржување на изборите, кога се тоа го добија и им се дозволи и одложувања  на изборите излезе дека бројот на гласачи кои ВМРО-ДПМНЕ ги добива и тоа без двајца коалициони партнери ДОМ и ДС е ист. Ова е една од најтешките победи досега и тоа 10-та по ред, горди сме на тоа, ја изработивме со многу труд и пожртвуваност.

Потоа имаше обид за постизборен инженеринг и рекомпонирање на гласовите. Без оглед што сите ги признавме изборите како чисти цела година однапред имаше обиди од странство да се ослабат позициите на ВМРО-ДПМНЕ,  а некои фактори сакаа да му помогнат на СДСМ. Тие излегоа со многу пари на овие избори и тоа беше видливо на терен, па сигурен сум дека вистината ќе излезе на виделина.

СДСМ е само инструмент во креирањето на целата криза, тие сами немаат капацитет за такво нешто, очигледно е дека некој ги поддржува и тоа не го криеше во последните 2 ипол години. Затоа резултатот од изборите е за некого изненадување, бидејќи народот ја препозна хајката и заверата против ВМРО-ДПМНЕ, а целта не е мала, рече Груевски. 


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители