23 Април, 2024
0.2192

Груевски: Што се однесува до името, ние би можеле да имаме конструктивна улога

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Што се однесува до името, ние би можеле да имаме конструктивна улога доколку Владата планира реални и суштински разговори, а не капитулација и прифаќање на сите позиции на другата страна, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за порталот „Република“.

Ако планираат сè да попуштат, тогаш не им требаме ние, ниту пак сакаме да сме дел од тоа, вели Груевски. 

„За жал, мене работите ми личат дека марионетската власт во Македонија е спремна да прифати сè што бара Грција. Буквално сè. Како договорот со Бугарија. Нема да има суштински разговори, туку разговори како да се регулираат односите со јавноста во двете земји, во смисла да се контролира и ограничи степенот на триумфализам во Грција, а да се најде начин во Македонија капитулацијата по ова прашање да се претстави како голем успех, со одбран вокабулар, потврда за истото да дојде од надворешните фактори и меѓународната заедница, дефокусирање на јавноста со други теми и со напад и малтретирање на опозицијата и на сите што мислат различно, зауздување на медиумите во Македонија во правец да го развеселат народот дека нешто многу добро се случило, најава дека ќе дојдат многу грантови и пари, и дека ќе влеземе во НАТО и ќе почнеме преговори со ЕУ“ - вели Груевски. 

Тој додава дека неговата Влада многу сакала да најде решение и да стигне до компромис, но, како што вели, „за жал тоа беа години кога или грчката влада не сакаше да постигне компромис туку апсолутна победа, или беа со години во финансиска криза за време на која прашањето на името воопшто не им беше на листата на приоритети“. 

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор