19 Март, 2024
0.0322

Груевски смета дека телевизиите ја „галат“ новата власт, а 11 години него го „масакрираа“

Објавено во: Колумни 18 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На вчерашниот говор по повод 27 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ лидерот Груевски посочи дека најголемите телевизии во Македонија немаат никаков критички однос кон новата владата предводена од СДСМ најмногу поради стравот кој им бил „втеран во коски“.

„Со суптилни закани, со СЈО, со втерување страв, со секојдневни казни на советот за радиодифузија. На најгледаните 4-5 телевизии, нема речиси ниту еден критички прилог за новата власт откако е избрана, а од 10 активности дневно на ВМРО-ДПМНЕ едвај поминува еден или два, и тоа кратко и исплашено. 80 отсто од прилозите се афирмација на новата власт која „само што не го донела животот“. И најважно: тоа никому сега не му пречи. Сега нема проблем со избалансирано известување, се е идеално, и веројатно на сите оние листи за слобода на медиумите Македонија наскоро ќе има раст со метеорска брзина. Не било за фер известување, туку за известување како што сакаат тие“, рече Груевски.

Новата Влада функционира помалку од еден месец и досега најмногу за што се говереше се кадровските одлуки за што има и голем број на критики. Од друга страна додека се прави трансферот на власта СДСМ речиси и да не презде некои поголеми чекори, ниту пак започна да штанца закони во Собранието, ниту поведе голем број на извршни постапки кои ќе ги рефлектираат нивните политики. 

Секако во меѓувреме излегуваат и тековни проблеми кои треба да се решаваат. Во оваа фаза постои мал простор за критика на тоа што го прави новата Влада во смисла на реално спроведени политики, но од друга страна има голем број на медиуми кои не прекинуваат со својата црна пропаганда, со етикетирања, лажни обвинувања, инсуинации и прогласување на национални катастрофи во кои ете СДСМ е виновна и за ланскиот снег.

Заев само што дојде на власт настана тотален потоп. Владата има 100 дена на располагање да ги постави своите контури и да ги прикаже главните определби врз чинии принципи ќе владее, потоа ќе биде прогласена отворена сезона на „лов“, па нека не се грижи Груевски премногу, има доволен број на вистински критички новинари кои ќе бараат одговорност и од новата власт.

Груевски заборава и дека додека беше премиер на државата постојано одеше на бизарни телевизиски појавувања кои никако не може да бидат наречени интервјуа. Тој точно се знаеше што ќе каже, водителот или новинарот никогаш не поставуваше дополнително или follow up прашање, никогаш не му беше наметната контра теза за неговите одговори, секогаш проаѓаше според зацртаното сценарио држејќи монолози колку неговата влада е најпрекрасна на свет, а често и самите водители се сложуваа со големиот лидер. Треба ли и да го потсетиме дека пред да се затвори А1 телевизија порачуваше на митинзи дека вестите на нејзините новинари треба да се земат со голема доза на критичност и сомневање бидејќи биле насочени против ВМРО-ДПМНЕ. 

Повторување на оваа слика каде премиерот во свое 11 годишно владеење само три пати ќе се појави во критички настроените телевизии и ќе одговара на директни прашања никако нема да и биде од полза на Република Македонија, па токму затоа ниту Зоран Заев треба да добие „бесплатно“ возење во медиумскиот простор.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?