28 Март, 2024
0.0545

Груевски вели дека во судот може веќе да му се даде канцеларија и плата

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Eкс премиерот и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека во судот доаѓа толку често што треба да ми дадат канцеларија, а и да добива плата. 

Ова Груевски го изјави денеска пред новинарите по завршувањето на рочиштето за случајот  „Траекторија“.

Се пожали дека против поранешното раководство на партијата се води политички прогон и додаде дека судството е претворено во „политичка гилотина“. 

Груевски смета дека одбраната и обвинетите немаат еднаков третман од судот во однос на СЈО.

„Кон обвинителите се однесуваат со почит, спокојно и мирно, додека кон одбраната судот реагира нервозно, што како да покажува на која страна е. Судот воопшто не се обидува да го скрие тоа. Барем да глуми малку објективност за јавноста“ – рече Груевски.

Груевски потенцира  дека на сите рочишта забележливи се повеќе работи, кои покажуваат дека се води политички прогон. 

Во  „Траекторија“ обвинети се  Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов