16 Април, 2024
0.0258

Груевски ветува мед и млеко - 10% невработеност и два ипол пати побогати граѓани

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Груевски на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Велес ја изрази поддршката за кандидатот за градоначалник Славко Чадиев, ја поздрави неговата досегашна работа и продолжи со своите ветувања кои повеќе наликуваат како одлуки на централната власт од која зависат законските решенија, а не од самата локална власт и општините кои немаат таков вид на ингеренциии. 

Груевски ветува мед и млеко, „Нова ера“ со нови работни места, враќање на светлината како неговите пеесетина градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ досега воопшто и ништо да не сработиле, па сега треба одново да се работи.

„15 октомври е почетокот на новата ера, почетокот на новиот напредок, на доаѓање на светлината. Во новата ера ќе нема неасфалтирана улица, ќе има парк во секое маало. Во новата ера ќе отвориме 150 илјади нови работни места, а невработеноста ќе ја симнеме под 10%. Може да навредуваат и плукаат, но фактите се факти и тоа не можат да го избришат колку и да не маваат со кал или да лажат“, рече Груевски на митингот во Велес.

Тој најави и нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител, односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител, што ќе значи 2.5 пати побогати граѓани.

„Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиштата, со што ќе обезбедиме прво здрава храна за учениците, а потоа и заштеди за родителите, изјави Груевски“.


Можеби ќе ве интересира

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради